Роналдо- најплатен спортист минатата година

25.02.2025 13:49

Португалецот лани заработил 248 милиони евра...

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најплатен спортист за 2024 година од страна на „Sky Sports“. Според изворот, Португалецот лани заработил 248 милиони евра.

На второто место е кошаркарот Голден Стејт вориорс, Стеф Кари со 146 милиони евра. Боксерот Тајсон Фјури ја заокружи првата тројка со 140 милиони евра.

Меѓу првите пет се уште и фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој заработи 129 милиони евра, како и кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс (127 милиони евра).

Оваа сезона Роналдо на 28 натпревари постигна 24 гола и четири асистенции.