Извисија европските првенки
Се случи и првата голема чистка. Светското останува без европските првенки, Црногорките.

Се случи и првата голема чистка. Светското останува без европските првенки, Црногорките.
Во трилер-завршница данските ракометарки беа подобри, посреќни, поконцентрирани до 21:20. Товарот на континенталната круна кај репрезентативките на Црна Гора си го направи своето, па така Данска прогресот од последните ракометни случувања си го продолжуваaт во Србија. До каде ќе дотуркаат, дали до скалило погоре од пред две години, а со тоа ќе се искачи и на пиедесталот, останува како следна задача да се мине Германија, селекција која мундијалскиот последен настап го заврши како 17-та, Европското лани 10 места поуспешно.
Германките 1/4 финале изборија лесно преку Ангола 29:21, Французинките рутинирано до 8-ката, совладана Јапонија 27:19.
Денеска на програмата втора тура 1/8 финални елиминациски пресметки на ракометниот мундијал. Унгарија-Шпанија, Норвешка-Чешка се европските пресметки, домашните ракометарки, Србинките, ќе играат со Корејките, а Бразил ќе ја има за противник селекцијата на Холандија.
