Високи казни за трговците кои не ги почитуваат владините мерки
Мерките за замрзнати цени и ограничени маржи на сила, инспекторите на терен. Дали се почитуваат одлуките на Владата?

Натписите „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ или „замрзнати цени“ веќе се истакнати во дел од маркетите. Онаму каде ги нема, веднаш да се залепат, апелира инспекцијата. Оттаму за МТВ велат дека до крајот на неделава таргет ќе бидат маркетите, бензинските пумпи и аптеките.
Казните се високи за трговците кои ќе тераат по свое и нема да ги почитуваат владините мерки. Никој нема да се толерира.
Граѓаните едвај чекаат да купат поевтино. Од Министерството за економија и труд велат – одлуката мора да се почитува.
Стандардот на граѓаните ќе се штити и преку новиот Закон за потрошувачи кој доби зелено светло во законодавниот дом. Големите маркети треба јавно на интернет-страница да ги објават цените на производите за купувачите да знаат каде е најевтино.
Законот се очекува да стапи во сила за неколку недели. Опозицијата не присуствуваше на пленарната седница.
Борис Грујоски