Македонија

Владата ги провери документите кои ги достави СДСМ и ги отфрли наводите како неточни

25.02.2025 15:49

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Вицепремиерот Изет Меџити рече дека не направил ништо противзаконски. Владата ги провери документите кои ги достави СДСМ и ги отфрли наводите како неточни...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, достави документи до Владата со кои тврди дека вицепремиерот и министер Изет Меџити работел незаконски. Според неа, документите се релевантни бидејќи се од државни институции со архивски броеви, печати и потписи.

Вицепремиерот Изет Меџити рече дека не направил ништо противзаконски, а за опозициската СДСМ рече дека одат по паметот на ДУИ.

„Не се работи за ингеренции, не може архивска работа да се прикаже како голем скандал“, вели Меџити. Тој потврди дека Државниот административен инспекторат му упатил опомена, но дека тој постапил според воспоставената праска која ја наследил од своите претходници во сектор со кој раководи, додаде и дека опомената е обжалена.

Владата ги провери документите кои ги достави СДСМ и ги отфрли наводите како неточни.

„Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско отстапување. Оваа административна практика на работа е воспоставена уште во 2017-та година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади“, велат од Владата.

Ако по логиката на Кузеска тоа е прекршување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ – е наведено во владиното соопштение.

 

Марина Стојанова – Тонева