Земјотресите не може да се спречат, мора да се работи на превенција
Материјалните штети може да се надминат, но не и загубата на човечки животи, велат од ИЗИИС. Иако земјотресите не може да се предвидат, важно е да се работи на свеста на населението, за да знае како да постапува во случај на ваква природна непогода...

Симулација на земјотрес спроведена од институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Материјалните штети може да се надминат, но не и загубата на човечки животи, велат од ИЗИИС. Иако земјотресите не може да се предвидат, важно е да се работи на свеста на населението, за да знае како да постапува во случај на ваква природна непогода, а со цел минимизирање на човечките жртви, вели директорот на Институтот, Игор Ѓорѓиев.
Земјотресите не може да се спречат, но може и мора да се работи на превенција, вели грчкиот сеизмолог Никос Теодулидис.
Во Македонија има и критични објекти, велат од ИЗИИС, додавајќи дека веќе се вршат активности за реконструкција, зајакнување и санација на студентските домови во Скопје, кои се изградени по старите прописи.
Годинава македонскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија одбележува 60 години постоење.
Марија Котовска
