Македонија

Владата даде зелено светло за разрешување на Коцевски

25.02.2025 17:11

Владата го разгледа и го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одлуката за негова смена ќе се достави до Советот на јавните обвинители. Како што и претходно соопшти премиерот Мицкоски, постапката ќе потрае...

Владата даде зелено светло за разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Откако предлогот за негова смена помина на владината седница, ќе се достави до Советот на јавните обвинители, кои имаат рок од 15 дена и уште дополнителни 15 за да дадат позитивно или негативно мислење.

Ставот на највисокото обвинителско тело не е обврзувачки за Владата која може да бара во Собранието да се дискутира за разрешување на државниот обвинител. СДСМ обвинува за партизација.

Меѓу другото, државен обвинител може да биде сменет пред истекот на мандатот ако стори тешка дисциплинска повреда.

По најавите за разрешување, Коцевски се изјасни дека работел законски и во оваа фаза нема да поднесе оставка. Остави можност да се повлече од функцијата, ако процени дека аргументите на владата за негова смена се издржани, а тоа ќе го направи откако ќе го разгледа предлогот за разрешување.

Анита Димитријевска – Велковска