Реонски центар „Аеродром“ доби комплетно нова инфраструктура
Изградбата на инфраструктурата во Реонски центар Аеродром чини 70 милиони денари обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром...

Населбата Реонски центар „Аеродром“ доби комплетно нова инфраструктура. „Со овој проект не само што се поврзаа сите објекти во населбата, туку се обезбеди и уште еден излез на булеварот „Видое Смилевски - Бато“, со што ќе се растовари постојниот сообраќај“, изјави градоначалникот Ивица Коневски.
Тој додаде дека проектот опфати изградба на нови сервисни улици со тротоари во вкупна должина од околу еден и пол километар, со целосно осветлување.
Исто така, во рамките на проектот се изградени и околу 1.000 паркинг-места. Потребата од изградба на комплетно нова инфраструктура беше неопходна поради сè поголемиот број нови станбени објекти во овој дел од Општината.
Изградбата на инфраструктурата во Реонски центар Аеродром чини 70 милиони денари обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.
Градоначалникот Трајановски изјави дека Градот Скопје го следи овој проект со тоа што ги извршува работите од своја надлежност во кмонкретниот случај парковското уредување со зеленило во Реонски центар „Аеродром“, со што на неговите жители ќе им се подобрат условите за живот.
