Само на тројца лекари изминативе 20 години трајно им е одземена лиценцата за работа
Пациентите на несовесно работење на лекарите можат да се пожалат во ДСЗИ, да се побара стручен надзор од Лекарска комора и да се побара на суд.

Лекарската комора проверува дали нивни колеги направиле грешка при лекување и третман на пациент. До нив во моментот има едно барање за да се утврди што се случило.
На тројца лекари изминативе 20 години трајно им е одземена лиценцата за работа, на двајца привремено.
Пациентите на несовесно работење на лекарите можат да се пожалат во ДСЗИ, да се побара стручен надзор од Лекарска комора и да се побара на суд.
Но, имало случај и кога министер за здравство барал да се направи стручен надзор и да се одземе лиценца.
Да се одземе на лекар лиценцата значи дека нема да може никогаш повеќе да работи. Во моментов во земјава има 9.900 лекари со лиценца кои можат да се активни во здравствениот систем, покажува статистиката на Лекарската комора.
Наташа Јанчиќ Менковски
