Македонија

Вајц: Проширувањето и натаму е висок приоритет на ЕУ

25.02.2025 18:20

Вајц информираше дека е во тек пишувањето извештај за Македонија која е подготвена за почеток на преговорите со Унијата. Сепак според известителот треба да се надмине и прашањето наметнато од договорот со Бугарија.

И покрај Украина, проширувањето и натаму е зацртан приоритет на Европската унија. Ова е пораката на европратеникот и известителот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц којшто во Собранието денеска имаше средби со парламентарните партии во земјава. 

Вајц информираше дека е во тек пишувањето извештај за Македонија која е подготвена за почеток на преговорите со Унијата. Сепак според известителот треба да се надмине и прашањето наметнато од договорот со Бугарија.

Според Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ, исполнувањето на копенхашките критериуми се фундаменталниот услов за преговори со Европската унија. Томас Вајц, известителот на Европскиот парламент за Македонија оствари средби и со претставници на владиниот коалициски партнер „Вреди“, како и со лидерот на СДСМ, Венко Филипче