Кривичен Суд

Ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче

26.02.2025 08:06

Одбраната треба да ги презентира доказите и да се изјаснат обвинетите. На претходното рочиште, Јавното обвинителство презентираше материјални докази од надзорните камери од дворот на куќата во која живеел Велибор Манев, еден од обвинетите, посочувајќи дека биле забележани четворицата обвинети за убиството на Вања и Панче.

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Одбраната треба да ги презентира доказите и да се изјаснат обвинетите. На претходното рочиште, Јавното обвинителство презентираше материјални докази од надзорните камери од дворот на куќата во која живеел Велибор Манев, еден од обвинетите, посочувајќи дека биле забележани четворицата обвинети за убиството на Вања и Панче.

Одбраната на Палевски не прифати, со образложение дека не биле наведени во листата на докази, и побара дополнително време за увид во нив.