Одбележување

21 година од загинувањето на Борис Трајковски

26.02.2025 08:16

Цвеќиња ќе бидат положени и пред Спомен-обележјето во Ротимље, кадешто на 26 февруари 2004-та се урна кингерот, со кој патуваше делегацијата на Меѓународна конференција во Мостар. Причините за авионската несреќа, која предизвика бројни контроверзи во јавноста, се истражуваа со две истраги...

Денеска се навршуваат 21 година од авионската несреќа, во која загинаа поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот. На гробот на поранешниот претседател, во Алејата на великаните во Бутел, цвеќиња ќе положат сопругата Вилма Трајковска со семејството, од кабинетот на претседателката на државата, делегации од Собранието и од Владата.

Цвеќиња ќе бидат положени и пред Спомен-обележјето во Ротимље, кадешто на 26 февруари 2004-та се урна кингерот, со кој патуваше делегацијата на Меѓународна конференција во Мостар. Причините за авионската несреќа, која предизвика бројни контроверзи во јавноста, се истражуваа со две истраги.

И во двата извештаја, како причина за падот на авионот беа наведени пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.