Украина

Зеленски в петок на средба со Трамп

26.02.2025 09:01

Украинскиот претседател Зеленски в петок патува во Вашингтон на средба со Трамп, откако украинските власти се согласија на условите од нацрт-договорот за експлоатација на минералните резерви на Украина...

Зеленски в петок патува во Вашингтон на средба со Трамп, откако украинските власти се согласија на условите од нацрт-договорот за експлоатација на минералните резерви на Украина. Конечната верзија на договорот предвидува двете земји да го развиваат рудното богатство на Украина, а приходите да одат на заеднички фонд. Трамп рече дека е заинтересиран да купува минерали и од Русија.

„Слушнав дека доаѓа во петок. Секако дека немам ништо против ако тоа го сака. Јас разбирам дека тоа е голема работа. Може да биде зделка од трилиони долари. Значи сакаме да бидеме обезбедени. И мислам дека американскиот народ – дури и ако ги погледнете анкетите – тие се многу среќни, бидејќи, знаете, Бајден фрлаше пари наоколу како да се бонбони. Сакаме да ги вратиме тие пари. Ние и помагаме на земјата низ многу, многу голем проблем кој не требаше да се случи. Затоа мораме да го исправиме. Американскиот даночен обврзник сега ќе си ги врати парите“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Со договорот, украинските власти се надеваат дека ќе ги подобрат односите со администрацијата на Трамп и ќе се отвори патот за долгорочна безбедносна посветеност.