Стармер вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 насто до 2027 година
Британскиот премиер претстојниот викенд ќе биде домаќин на средба на неколку шефови на држави на сојузничките земји за Украина...

Британскиот премиер претстојниот викенд ќе биде домаќин на средба на неколку шефови на држави на сојузничките земји за Украина. Пред состанокот со американскиот претседател неделава, Стармер вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 насто од бруто домашниот производ до 2027 година.
„Претседателот Трамп мисли дека треба да направиме повеќе. И јас се согласувам со тоа. И под повеќе, мислам повеќе способност, повеќе координација, повеќе трошење. И ние мораме да ги научиме лекциите од конфликтот, особено кога станува збор за способноста и координацијата. Војната во Украина сега се води на многу поинаков начин од пред три години“, изјави Кир Стармер, премиер на Велика Британија.
Објавата следува во време кога европските земји се обидуваат да ја зајакнат колективната одбрана додека Трамп ја трансформира американската надворешна политика.
