Уставен суд

Уставен суд ќе одлучува за Изборниот законик

26.02.2025 08:40

Во расправата по иницијативата, уставните судии со спротивставени мислења, дали се уставни измените, со кои за независни советнички листи се потребни 5 илјади граѓански потписи...

Уставниот суд треба да пресече за измените на Изборниот законик. Пред една недела, гласањето заврши со нерешен резултат, бидејќи еден судија беше отсутен.

Во расправата по иницијативата, уставните судии со спротивставени мислења, дали се уставни измените, со кои за независни советнички листи се потребни 5 илјади граѓански потписи.

Според стариот закон, за независни советнички листи беа потребни илјада потписи, но со новите измени драстично се подигнува прагот, и ова според подносителите на иницијативата е сопка за независните кандидати.