САД ќе продаваат златни билети на имигранти во вредност од пет милиони долари
По примерот на зелената карта, ќе се продаваат златни билети во вредност од пет милиони долари на странци кои сакаат да се преселат во САД и да отворат работни места...

Вашингтон воведува новини во имигрантската политика. По примерот на зелената карта, ќе се продаваат златни билети во вредност од пет милиони долари на странци кои сакаат да се преселат во САД и да отворат работни места.
Новата програма за имиграција би можела да почне да функционира за околу две недели. Шефот на Белата Куќа рече дека на овој начин би се намалил буџетскиот дефицит, а луѓето ќе бидат избрани внимателно. Руски олигарси од кои повеќето се под санкции на САД по руската инвазија на Украина, потенцијално ќе можат да аплицираат за програмата.
Предвидено е земјата да продаде еден милион картички.
