Промоција на „Ноќни белешки“ од Петре Наковски
Петре Наковски е роден на 17 јули 1937 година во Крчишта, Костурско. Тој е прозаист, член на ДПМ од 1989 година, автор на неколку романи што го третираат прашањето на егзодусот на македонското население во граѓанската војна во Грција.

Во организација на Дипломатскиот клуб - Скопје и Друштвото на писателите на Македонија на 28 февруари со почеток во 11 часот во ЈУ „Кочо Рацин“ – Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Ноќни белешки“ од Петре Наковски, прв амбасадор на независна Македонија во Полска, во периодот од 1995 до 1999 година.
Петре Наковски е роден на 17 јули 1937 година во Крчишта, Костурско. Тој е прозаист, член на ДПМ од 1989 година, автор на неколку романи што го третираат прашањето на егзодусот на македонското население во граѓанската војна во Грција.
„Ноќни белешки“ се мемоарски записи од Петре Наковски, прибележувани во текот на неговата дипломатска мисија во Полска. Промотор на „Ноќни белешки“ ќе биде амбасадорот Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, а свое поздравно обраќање ќе има Ана Каспшах, заменик- амбасадор во Амбасадата на Полска во Скопје.
Рецензент на „Ноќни белешки“ е Драган Јањатов, дипломат, член на Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб - Скопје.
