Македонија

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари

26.02.2025 10:49

Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој.

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,15 метри надморска височина или 24 сантиметри под просекот. Денешниот водостој на езерото е само шест сантиметри над дозволениот минумум.

Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој.

На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езеррото беше спуштено дури два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.