Три работи кои треба да ги знаете за глутенот

04.08.2014 16:26

Иако во последно време многу се зборува за глутенот и голем број луѓе веќе го имаат исфрлено од исхраната, всушност малубројни се оние кои знаат што тој претставува. Глутенот на човечкиот организам може да му наштети на два начина: може да предизвика алергиска реакција или нетолеранција, која во најсериозниот облик се нарекува целијакија. Еве кои три работи треба да ги знаете за глутенот.

Глутенот е протеин

Глутенот е вид протеин кој природно се наоѓа во пченичните и други житарици, како што се јачменот и ржта. Но, тој може да се најде и во многу други производи како преливи за салати, мешани зачини, па дури и во балзами за усни. Многу луѓе мислат дека не внесуваат глутен ако не конзумираат житарици, леб и тестенини, но вистината е сосема поинаква.

Го нема во сите житарици

Одредени житарици не содржат глутен, како оризот, пченката, квинојата, хелдата, просото, сиракот и овесот, освен ако не се контаминирани со пченица при процесот на обработка. Житариците кои не содржат глутен се преполни со витамини, минерали и влакна и сѐ додека не претерувате конзумирајќи ги, можат да ви помогнат во ослободувањето од вишокот килограми и подобрувањето на здравјето на срцето.

Подобро ќе се чувствувате без глутен

Лицата кои имаат целијакија мораат во целост да ги исфрлат намирниците кои содржат глутен, бидејќи дури и најмалите количини можат да предизвикаат појава на симптоми како болка во стомакот и подуеност. Но, и оние кои не патат од оваа болест може да имаат корист ако го елиминираат глутенот од исхраната доколку се нетолерантни на овој протеин. Тој може да предизвика надуеност, замор, па и симптоми слични на грип.