Фридом хаус

„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја

26.02.2025 11:03

Македонија исто како и минатата година, со 67 од 100 поени, според извештајот на „Фридом хаус“ е рангирана како делумно слободна земја...

Македонија исто како и минатата година, со 67 од 100 поени, според извештајот на „Фридом хаус“ е рангирана како делумно слободна земја.

Во категоријата политички права, има 28 од 40 поени, а околу граѓанските слободи има 39 од 60.

Државата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување, објави невладината организација.

Според извештајот, лани беше објавено дека Македонија покажува назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата, а го забележуваше и судирот на партиите околу уставните амандмани за пристапување на земјата во Европската унија.

Вооружените конфликти и заканите за авторитарна агресија, пак, посочуваат дека го направиле светот помалку безбеден и демократски. Негирањето на политичките права и граѓанските слободи на спорните територии ја повлече слободата во придружните земји, вклучително и некои демократии, стои во извештајот на „Фридом хаус“.