ЧИЛЕ
Речиси цело Чиле остана без струја, воведен полициски час
26.02.2025 11:21
Снабдувањето со електрична енергија е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја. Прогласена е вонредна состојба со полициски час...

Снабдувањето со електрична енергија е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја.
Прогласена е вонредна состојба со полициски час. Во погодените подрачја се распоредени војници. Болниците и затворите во државата работат на генератори за итни случаи.
Претседателот Габриел Бориќ ја повика на одговорност компанијата која дистрибуира енергија во погодените региони.
