Одбележување

Во Струмица одбележани 21 година од смртта на претседателот Борис Трајковски

26.02.2025 13:30

Македонија денеска одбележува 21 година од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Почит му оддаде и родната Струмица...

Родната Струмица му оддаде почит на својот сограѓанин и претседател Борис Трајковски, кој пред 21 година загина во авионска несреќа кај Мостар во Босна. Пред споменикот Македонија, претставници на повеќе организации и институции положија свежо цвеќе. Трајковски беше визионер. За него интересите на државата и граѓаните беа секогаш во преден план.

Освен Трајковски при падот на „Кингерот“ кај Мостар загинаа и портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на МВР Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како пилотот и копилотот на авионот, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Во јавноста сè уште останува мистерија што се случувало во првите 24 часа по падот на авионот. Двете истраги констатираа дека процедуралните грешки пред слетувањето, но и системски пропусти се причините за авионската несреќа.

Трајковски за претседател на Република Македонија беше избран во 1999 година.

 

Ване Трајков