Кривичен суд
Во Кривичен суд одложено судењето за кучето Феликс
26.02.2025 11:46
Одложено судењето за кучето Феликс, кое почина на 7 ми јануари, по нанесени тешки повреди од двајцата обвинети, Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски...

Во Основниот кривичен суд Скопје одложено судењето за кучето Феликс, кое почина на 7 ми јануари, по нанесени тешки повреди од двајцата обвинети, Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски.
Рочиштето не се одржа, бидејќи Крстевски не го добил обвинителниот предлог и решението за предложената мерка за обезбедување.
Од Здружението „Анима Мунди“, кои протестираа пред Кривичниот суд, побараа зголемување на санкциите за делото убивање и мачење на животни, како и воведување нови квалификувани норми за истото.
