Образование

Стручна државна матура за учениците што ќе се запишуваат на факултет

26.02.2025 14:42

Министерката Јаневска не прецизира од кога ќе се спроведува завршниот испит во средното образование.

Менување на државната матура, воведување насочен систем на полагање. Учениците што ќе се запишуваат на факултет, ќе полагаат стручна државна матура во соодветната област во која ќе го продолжат високото образование. Преостанатите кои имаат намера да бараат работа, ќе треба да ја поминат училишната матура со прашања од материјалот што го совладале во текот на образувањето.

Министерката Јаневска не прецизира од кога ќе се спроведува завршниот испит во средното образование.

За седум години во државата има 17.000 ученици помалку, бројот на студенти е намален за 7.000. Потребни се крупни промени во образованието.

Ќе се спроведува истражување на квалитетот и подготвеноста на студентите за да почнат да работат. Целта е да се задржат младите високообразовни кадри, да се стопира процесот на миграција – велат од Министерството.

Александра Спировска