Република Српска

Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата

26.02.2025 14:18

Ова е првостепена пресуда во кривичната постапка против Додик која може да биде обжалена...

Претседателот на Република Српска Милорад Додик е прогласен за виновен за сторено кривично дело-неисполнување на одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит. Осуден е на една година затвор и шест години забрана за вршење на функцијата-реши судот на Босна и херцеговина.

Ова е првостепена пресуда во кривичната постапка против Додик која може да биде обжалена. Милош Лукиќ, вршителот на должноста Службен весник на Република Српска, доби ослободителна пресуда.