Со нови станици и возовите побрзо доаѓаат!

04.08.2014 16:40

Европската комисија ќе го финасира реконструирањето на 10 железнички станици во земјава долж пан-европските Коридори 10 и 10д. Денеска отворен огласот за изведувач. Според патниците – со нови станици и возовите побрзо доаѓаат...

Кој ќе ги реконструира железничките станици во земјава? Европската комисија ќе финансира и веќе го објави огласот за изведувачи. Опфатени се 10 станици. Треба да се зголеми квалитетот на услугите за патниците и карго превозот, да се подигнат техничките стандарди и капацитетите во Велес, Битола, Прилеп, Гевгелија, Богомила, Чашка Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино-Вардар.

Меѓу 10- те железнички станици кои треба да се обновуваат е и прилепската. Според некои извори, здрадата датира пред повеќе од 70 години. Со реконструкцијата треба да добие комлетен надворешен и внатрешен изглед, нова функционалност и подобри услови за патниците.

Ќе се обноват фасадите, покривите, инсталацијата, патничкиот информативниот систем, осветлувањето, санитарните јазли, пристрапноста на товарниот и поврзувањето со патничкиот транспорт. Услови и за патниците со посебни потреби.

„Добра идеја, посебно што тука е и новата автобуска станица... Добро би било, сигурно и повеќе патници би патувале...И за туристи е добро што патуваат надвор од земјава...Крајно врмеме е нешто да се смени, барем основните услови да се подобрат...Реновирањето нека заврши што поскоро, така што да ги дочекаме новите возови со новите железнички станици“, велат патниците.

Рокот за понудите е 30 септември. Прилеп добива комплетен транспортен центар.

Се групира како железничкиот, така и автобускиот сообраќај. Уште повеќе ќе се подобрат условите и мислам дека Прилеп ќе има еден од најубавите транспортни центри во земјава“, вели Илија Карески, раководител на секторот за урбанизам во прилепската локална самоуправа.

Според патниците –  со нови железнички станици, и возовите побрзо доаѓаат.

 

Елизабета Митреска