„Мој термин“ ги налути матичните лекари
Со едночасовен предупредувачки протест матичните лекари сакаа да им кажат на надлежните дека само ја усложнуваат нивната работа. Тие ќе треба за секој пациент до „Мој термин“ да праќаат порака за да добијат верификациски код за да го отворат нивниот картон и да почне лекувањето...

Со едночасовен предупредувачки протест матичните лекари сакаа да им кажат на надлежните дека само ја усложнуваат нивната работа, наместо да лекуваат пациенти, тие треба да губат време на административни процедури.
Тие ќе треба за секој пациент до „Мој термин“ да праќаат порака за да добијат верификациски код за да го отворат нивниот картон и да почне лекувањето.
Од понеделник кога чекалниците ќе бидат полни со пациенти, половина од нив со грип, нема да биде добро да се чека со саати за преглед, вели доктор Куч.
Од Министерство за здравство потврдија дека во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број.
„Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем“, стои во одговор од здравствените власти.
Наташа Јанчиќ Менковски
