Извршителите со полни раце работа
Експанзија од барања за извршување на долгови од брзи кредити. Извршителите затрупани од работа. Најголема мака се комуналните услуги...

Извршителите се соочуваат со експанзија од барања за извршување на долгови од брзи кредити. А затрупани се со стари барања за за стари комунални услуги кои сочинуваат дури половина од вкупниот број. Откако Уставниот суд го укина застарувањето како можност за ненаплата на долговите бројот на барањата за извршување е зголемен за 10 илјади предмети, вели претседателката на Комората на извршителите, Деловска.
И покрај лошата перцепција на јавноста за извршителите, анализите на реномираниот Дуинг бизнис покажале дека иако 28,8% од целото побарување му припаѓаат на извршувањето, сепак 16,7% не се за извршителите туку се за адвокатите. Затоа е важно јавноста да знае дека не се профитери, велат, или лихвари туку јавни извршители.
Потребна е поголема транспарентност за што медиумите и комората треба да соработуваат, уверуваат експертите.
За оваа цел, вели координаторката Злата Михаилова, се реализира проектот Матра, чиј дел е работилницата за новинари што е во тек.
Фиљана Кока
