Прв состанок на кабинетот на Трамп
На првиот состанок на кабинетот на американскиот претседател Трамп, потврдени цврстите политики на Вашингтон за продолжување на царините за Канада и Мексико, но и воведувањето на 25 насто царини за ЕУ...

Прв состанок на кабинетот на американскиот претседател Трамп. Потврдени цврстите политики на Вашингтон за продолжување на царините за Канада и Мексико кои треба да стапат во сила на 2-ри април, но и воведувањето на 25 насто царини за ЕУ.
„ЕУ се различен случај од Канада, не искористија на поинаков начин. Не ги прифаќаат нашите автомобили и земјоделски производи додека ние прифаќаме се од нив. Со ЕУ имаме дефицит од околу 300 милијарди долари. ЕУ беше создадена за да ја искористува Америка“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Од Брисел најавија брз и одлучен одговор на неоправданите американски царини.
