Украина

Зеленски пред заминување во Вашингтон инсистира на безбедносни гаранции за Киев

27.02.2025 09:30

Украина може да заборави на влезот во НАТО, изјави Трамп додека се подготвува за пред утрешната средба со неговиот украински колега во Вашингтон. Зеленски истакна дека успехот на договорт ќе зависи од разговорите, нагласувајќи дека сè уште не е одлучено за безбедносните гаранции за Киев...

Украина може да заборави на влезот во НАТО, изјави Трамп додека се подготвува за утрешната средба со неговиот украински колега Зеленски во Вашингтон на која треба да биде потпишан договорот за ретки минерали. Зеленски истакна дека успехот на договорт ќе зависи од разговорите, нагласувајќи дека сè уште не е одлучено за безбедносните гаранции за Киев.

„Барем за тоа побарав разбирање, сето тоа е дел од идните безбедносни гаранции. Затоа, дури и во рамковниот договор, сакав да се појави барем една реченица што ја гарантира безбедноста на Украина. Овој договор може да биде голем успех или тивко да згасне. Тоа ќе зависи од нашиот разговор“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Трамп кој претходно тврдеше дека ќе ја запре војната за 24 часа, сега вели дека, иако се надева, постојат ризици и можност мировниот договор меѓу Русија и Украина да не успее.