Македонија

Во Собранието состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија

27.02.2025 10:57

На сесијата е најавено да говорат и полскиот амбасасор Мариуш Бримора како претставник на полското претседателство со Советот на ЕУ и евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, како претставник на Европската комисија и на Европската служба за надворешна акција.

Во Собранието на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржи 23 состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

Според агендата објавена од собраниската прес-служба, сесијата во 15:30 часот сесијата ќе ја отворат Иванка Василевска и Карло Реслер, копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, по што ќе следува размена на мислења со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и Орхан Муртезани, министер за европски прашања, како претставници на Владата.

На сесијата е најавено да говорат и полскиот амбасасор Мариуш Бримора како претставник на полското претседателство со Советот на ЕУ и евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, како претставник на Европската комисија и на Европската служба за надворешна акција.

Претставниците на ЕП претходно ќе остварат одделни средби со координаторите на пратеничките групи – со Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со Оливер Спасовски, координатор на пратеничка група на СДСМ и Коалиција „за Европска Македонија“, со Блерим Беџети, координатор на пратеничката група на ДУИ и Коалиција „Европски фронт“, со Халил Снопче, координатор на пратеничката група на Вреди, со Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движење ЗНАМ и со Борислав Крмов, координатор на пратеничката група на Левица.

За утре во 9 часот е закажана втората работна сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, а претходно ќе биде остварена средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.

Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година и претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата.