МВР

Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна

27.02.2025 12:22

Вчера во 19.20 часот во с. Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци, информираат од МВР...

Вчера во 19.20 часот во с. Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци, информираат од МВР.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, стои во соопштението.