ГЕРМАНИЈА
Дводневен штрајк на работниците на аеродромот во Минхен
27.02.2025 11:43
Дводневен предупредувачки штрајк на работниците на аеродромот во Минхен, организиран од синдикатот „Верди“ поради спорот за платите во јавниот сектор...

Дводневен предупредувачки штрајк на работниците на аеродромот во Минхен, организиран од синдикатот „Верди“ поради спорот за платите во јавниот сектор.
80 насто од планираните летови се откажани. Аеродромот на југот од Германија е втор по големина во земјата и се користи како секундарен центар за авиокомпанијата „Луфтханза“ со седиште во Франкфурт.
Прекини на летовите поради штрајк, се очекуваат и на аеродромот во Хамбург.
