Аква паркот и Матка спас за Скопјани од жешкото време

04.08.2014 17:00

Скопјани бараат спас од горештините. Матка и Аква Паркот се преполни додека на скопскиот асфалт не се дише...

Спас од жешките августовски денови граѓаните гледаат во Аква Паркот, кој работи од 10 до 20 часот. Вжештениот асфалт ги избрка граѓаните, но и туристите од главниот град . Некои од нив спасот го побараа во мрзливата река, на тобоганите и во базенот со бранови. За некои чистиот и постуден воздух беш опција да го поминат денот..

„Многу е убаво тука... Најзабавно е на оваа банана... Поопасните како што е...адреналинот...Воопшто не ми е страв да се пуштам по тобоганот...Доаѓам често, еднаш неделно...“, велат посетителите кои ги затекнавме во Аква Паркот.

И денеска странците со фотоапарати сакаа да ги овековечат убавините на ова место, неколку километри од главниот град, да дишат чист воздух и да уживаат во она што им го нуди Матка.

„Луѓето се прекрасни, се е прекрасно, многу ми се допаѓа... Одамна не сме биле, порано доаѓавме 2, 3 пати месечно...Денеска дојдов случајно. Инаку од Охрид сме...“, велат граѓаните кои ги сретнавме на Матка.

Дивата природна убавина, пониските температури за неколку степени, свежиот воздух  се причината што Матка секогаш е преполна со домашни и со странски туристи. Ова е едно од местата за Скопјани кои одлучија овој период од летото да останат дома.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска