Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта во скопското средно училиште „Михајло Пупин“
Новото игралиште за фудбал изградено по највисоки стандарди, им овозможува на младите спортистите кои учествуваат во училишната лига...

Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, со што се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности.
Новото игралиште за фудбал изградено по највисоки стандарди, им овозможува на младите спортистите кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето да тренираат и да се надградуваат. Со инвестициите и проектите во скопските средни училишта, се обезбедува подобрување на условите за учениците и за наставниот кадар кој овозможува повисок квалитет на наставниот процес.
