Дипломатија

Средба Муцунски-Агелер

27.02.2025 11:58

На средбата, како што објави министерот Муцунски на социјалните мрежи, било потврдено силното и стратешко партнерство меѓу две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

На средбата, како што објави министерот Муцунски на социјалните мрежи, било потврдено силното и стратешко партнерство меѓу две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност-партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво, реализирани во изминатиот период.

Муцунски и Агелер ја истакнале важноста од поттикнување на економската соработка, привлекување инвестиции и поддршка на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото.

Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици, при што ја потврдивме посветеноста на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан. Заеднички изразивме определба за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји, стои во објавата на министерот Муцунски.