Свет

Легендарниот американски актер Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви

27.02.2025 12:49

Во Санта Фе, Ново Мескико пронајдени телата на легендарниот американски глумец Џин Хекман и на неговата сопруга Бетси Аракава. Според градскиот шериф, Адан Мендоза не се пронајдени знаци на насилство. 95-годишниот лауреат на наградите на американската филмска академија, ја освои златната статуетка за улогите „Француска врска“ и „Непростено“. Хекман исто така, е добитник на четири „Златни глобуса“.

Ридот над Санта Фе, каде што е резиденцијата на актерот којшто остави траен белег во светската кинематографија, беше последниот сведок на заминувањето на Хекман од сцената. Во пресрет на 97-то доделување на Оскарите закажано за в недела, пронајдени се телата на Хекман и на сопругата.

Во раните утрински часови шерифот на Санта Фе, потврди-нема знаци на насилство, биле пронајдени пред два часот изутрина. Хекман освои два Оскара. Незаборавен е неговиот настап во „Француската врска“, пренесувањето на хероинот од Африка и Азија преку Марсеј до Америка. Или во „Непростено“ каде што имаше главна споредна улога покрај Клинт Иствуд и Берт Ланкастер.

„Знаете, колку што сте повозрасен, некои од дијалозите ви стануваат потешки, не се сеќавате на се, овој дел ви станува потежок. Само што сега имам и повеќе волја отколку порано, за да успее работата. Сега зрачам со аурата да биде тешко, така се случува, тоа е сè што барам за да ја завршам работата“, рече Хекман во едно интервју во 2001-ва година.

Меѓу многубројните филмски остварувања една од последните легенди на некогашната филмска гарда на Холивуд, вброи и четири Златни глобуса.

„Ова е сè што посакував. Само малку луѓе го добиваат во животот. Се откажуваш од многу нешта во семејството. Уште кога бев дете, ова е сè што сакав да го направам. Си ги исполнив сништата“, изјави Хекман по добивањето на „Златниот глобус“ во 2003-та година.

Човек од занаетот, како што се нарекуваше, Џин Хекман се пензионира на 74-годишна возраст. Времето оттогаш го минуваше со пијанистката Бетси Аракава, надвор од очите на јавноста. И покрај прелиминарните сознанија, истрагата за смртта на сопружниците Хекман и Аракава е во тек.

Зоран Богатинов