МВР: 732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
Вчера во рамки на активностите на полициските службеници на ниво на целата држава беа издадени 732 платни налози. Од нив 214 се однесуваат на непрописно паркирање, а 194 за непочитување на пропишаната брзина на движење, информираат од МВР.

Покрај ова, а по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобилен телефон при возење, евидентирани беа 57, односно 25 прекршоци.
Полициските службеници исто така детектираа 65 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во три случаи откриени се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а санкционирани се и 15 пешаци кои не ги почитувале прописите.
Откриени се и 21 нерегистрирано возило во сообраќајот, а четири возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, следствено одредбите од Законот за возила, се наведува во соопштението.