МВР
Претреси во Битола, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
27.02.2025 18:23
Вчера во 16.20 и 19.25 часот во Битола, полициските службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.М.(19) и К.И.(29) од Битола...

Вчера во 16.20 и 19.25 часот во Битола, полициските службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.М.(19) и К.И.(29) од Битола.
При претрес во домот на Г.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираат од МВР.
Како што соопштуваат, при претрес во домот на К.И., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветна пријава.
