Претставени 100 артефакти, дел од богатиот фундус на Археолошкиот музеј
По повод еден век постоење на една од најзначајните и најстари музејски институции-промовиран каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“. Во него, на 150 илустрирани страници претставени 100 артефакти од богатиот фундус на музејот, наречен нашиот Лувр...

Вредно двојазично издание со над 150 богато илустрирани страници кое не води на едно несекојдневно патување низ вековите, открива важни моменти од праисторијата до античката и средновековната историја. А во него претставени 100 артефакти, коишто се дел од богатиот фундус на музејот, според министерот за култура, каталогот овозможува музејот да го восприемаме како нашиот Лувр.
Низ изминативе 100 години Археолошкиот музеј повеќепати го менувал своето име, објекти и седишта, но секогаш останал на единствениот пат кон унапредување на музејската дејност, затоа денес се смета за една од најголемите и најважни наши културни институции.
Богатството на Археолошкиот музеј се неговите 18 збирки со над 100 илјади археолошки предмети, најголем дел собирани со истражувачката активност на археолошките локалитети на територијата на целата држава.
Александра Спировска
