Регион
За утре најавен генерален штрајк во Грција
27.02.2025 14:26
Генерален штрајк на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која при судир на патнички и товарен воза загинаа 57 лица...

За утре во Грција е најавен генерален штрајк на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која при судир на патнички и товарен воза загинаа 57 лица. Низ земјата се закажани речиси 350 протести.
За безбедноста на демонстрациите се ангажирани 5.000 полицајци.
Штрајкот го организираат најголемите грчки синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор.
