Резолуцијата за Украина и ставот на Македонија во ОН во фокус на пратеничките прашања
Резолуцијата за Украина и ставот на Македонија во Обединетите нации – прашање од социјалдемократите до премиерот Мицкоски. Сметаат дека Владата го изгубила компасот во надворешната политика. Премиерот со одговор – чисти инсинуации и невистини...

Надворешната политика на земјава е хаотична и нема усогласеност со Европската Унија. Воздржаноста за резолуцијата за Украина во Обединетите нации значи немање став, коментираат од СДСМ на пратеничките прашања.
Премиерот Мицкоски одговара, кога видовме дека во Европската Унија нема заеднички став по резолуцијата, тогаш беше логично да застанеме зад резолуцијата којашто ја предложија Соединетите Американски Држави.
ДУИ и овој пат бара одговори за вработување на Албанците и за спроведување ветинг на функционерите.
Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, но не сакаат бидејќи имаат подобра и подобро платена работа – одговара шефот на владата, а заменикот во правда со став дека лицемерно е од ДУИ да бара ветинг кога беше на власт над 20 години и има партиски потпретседател кој е бегалец од правдата.
Власта и опозицијата дебатираа и за конзерва или замрзнат грашок, за здравството, но и за судирот на интереси.
Миле А. Ристески
