Инсектите им прават проблеми на граѓаните
Ја крстосува ли Македонија азискиот стршлен. И каков вид е оној што ги вознемири жителите на Аеродром.

Стршлените кои досега биле најдени во Македонија и донесени на факултетот за Ветеринарна медицина само морфолошки, со надворешниот изглед, потсетувале на азискиот стршлен, но се уште нема докази дека некој од тие примероци е азиски стршлен.
Се уште не е направена анализа на ДНК на стршлените, со која би се докажало за каков вид станува збор. Испитувањата треба да се вршат во Бугарија. Освен стршлените, на граѓаните во овие летни денови проблем им прават и комарците, крлежите, скалуците, глодачите.
„Има доста комарци“.
„Има комарци, ова е мало дете го заштитуваме, а другото целото е искасано“, велат дел од анкетираните граѓани.
За оваа наезда виновни се не само климатските промени туку и поплавите во соседството, велат стручњаците. Нивното присуство не е занемарување, некои од нив носат т.н. вектор преносливи болести.
„Убодите на комарците предизвикуваат тешки иритации на кожата, а може да предизвикаат и маларија, но за среќа досега немаме таков случај“, вели прим. д-р Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје.
Од податоците на Државниот санитарен и здравствен инспекторат може да се види дека некои градски власти не ги исполниле обврските и не напрвиле дезинсекција и дератизација. Од Санитарниот инспекторат велат дека нивниот број сега е помал за разлика од пред неколку години, кога дваесетина општини беа казнети со по 1500 евра.
Наташа Јанчиќ
