И Хамас и Израел подготвени за втората фаза преговори за прекин на огнот
Првата фаза од примирјето истекува утре. Обврските од спогодбата беа финализирани завчера со размената на палестински затвореници и останки на израелски заложници. Хамас врати 33 заложници, вклучително и осум тела, во замена за речиси 2.000 палестински затвореници...

Израел е подготвен да ги продолжи преговорите за прекин на огнот за да врати повеќе заложници од Газа. Првата фаза од примирјето истекува утре. Обврските од спогодбата беа финализирани завчера со размената на палестински затвореници и останки на израелски заложници. Хамас врати 33 заложници, вклучително и осум тела, во замена за речиси 2.000 палестински затвореници.
„Нашата делегација ќе оди во Каиро и ќе видиме дали имаме заедничка основа за преговори. Рековме, подготвени сме да ја направиме рамката подолга за возврат да ослободиме уште заложници. Ако е можно, ќе го направиме тоа“, изјави Гидеон Саар, министер за надворешни работи на Израел.
Претходно и милитантната група соопшти дека е подготвена да преговара со Израел за втората фаза која се смета за покомплицирана и предвидува ослободување на преостанатите заложници во замена за повеќе затвореници и траен прекин на огнот.
