ГРЦИЈА

Две години по трагедијата кај Темпи, закажани речиси 350 протести

28.02.2025 08:55

За безбедноста на демонстрациите се ангажирани 5.000 полицајци...

Генерален штрајк во Грција на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која при судир на патнички и товарен воз загинаа 57 лица. Низ земјата се закажани речиси 350 протести. За безбедноста на демонстрациите се ангажирани 5.000 полицајци. Штрајкот го организираат најголемите грчки синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор.

Грчката Агенција за истраги за воздухопловна и железничка безбедност вчера го претстави извештајот од 180 страници за трагичната несреќа. Во него се наведува дека виталните информации биле изгубени поради несоодветното прибирање докази на местото на несреќата.