УЈП

Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите

28.02.2025 11:45

За исплата на средства за МојДДВ, како што посочи, за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.

Исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, изјави денска директорката на Управата а јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.

Нагласи дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночните пријави кои се поднесени до 25-ти јануари по што почнува исплатата на средствата од МојДДВ. За исплата на средства за МојДДВ, како што посочи, за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.

И за повратот на ДДВ за компаниите, директорката Петрова рече дека се реализира континуирано. Нагласи дека повратот на ДДВ е динамична материја.

До 25 февруари се поднесени нови даночни пријави што значи дека има и нови барања за поврат на ДДВ. До крајот на месецов, што значи до утре, како и до 15 март е законскиот рок да поднесуваат исправки на даночни пријави за 2024 година за друга група на корисници што значи дека и тука ќе настана промени – некои побарувања ќе бидат повлечени или намалени, ќе дојдат нови побарувања. Тоа е динамична материја, појасни Петрова.