Пандев се враќа во Милано ?

04.08.2014 18:28

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е во нова трансфер комбинација. По Кина, сега од Милано, но не од Интер, туку од екипата на Милан се заинтересирани за услугите на искусниот напаѓач.

Неколку италијански портали пишуваат дека Пандев е на листата на желби на „росонерите“, кои тешко доаѓаат до засилувања за новата сезона и никако да го продадат контроверзниот Марио Балотели.

Преговорите треба да почнат наскоро, отштетата од 4 милиони евра што ја бара Наполи не би требало да биде проблем за Милан, иако во игра е и варијанта за едногодишна позајмица во која тие би го плаќале Пандев 2,3 милиони евра, што е спорна сума за другите заинтересирани клубови.

По Лацио, Интер и Наполи, тимот на Милан ќе биде четвртиот италијански фудбалски гигант чии бои ќе ги брани нашиот екс репрезентативец.