Мартинки, наследство впишано на листата на УНЕСКО
Мартинки за среќа, традицијата продолжува секој март. Во Европска куќа изложба во чест на овој обичај. Посетителите имаат можност да се запознаат со вредната традиција на украси кои се изработуваат со црвен и бел конец. Мартинките како нематеријално културно наследство се впишани на репрезентативната листа на УНЕСКО...

Мартинки за среќа и здравје, традицијата продолжува секој први март. Девојките и жените плетат црвено-бели алки, мартинки признати како културно наследство од УНЕСКО и на територијата на Македонија.
Според стариот обичај на децата на први март им се дава мартинка за добро здравје. Во нашите традиции црвената боја означува победа и храброст, а белата чистота и убавина.
Изработените мартинки не се задржуваат за себе, туку се подаруваат.
Ирина Гелевска
