Фиктивни измами

УЈП ја заврши истрагата, десет компании не платиле данок од четири милијарди денари

28.02.2025 12:37

Фирмите со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ од буџетот. Документацијата е предадена на Јавното обвинителство и Финансиската полиција, информира директорката Петрова...

Десет компании не платиле данок од четири милијарди денари-УЈП ја завршила истрагата за фирмите кои со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ од буџетот. Документацијата е предадена на Јавното обвинителство и Финансиската полиција, информира директорката Петрова.

УЈП има подобра наплата од јануари и февруари минатата година, со исклучок на наплата на данокот на доход на добивки од игри на среќа и данокот од исплата на дивиденди. Околу исплатата на ДДВ-то, директорката смета дека нема застој и континуирано се исплаќа.

Управата промовираше и нова услуга. Нема повеќе чекање во редови пред шалтер, за помалку од пет минути со само неколку клика од компјутер или мобилен ќе може да се добие електронско уверение за состојбата на остварен доход. Услугата е достапна за сите граѓани кои се регистрирани системот е-даночни услуги. Уверението е потребно за остварување на права како стипендии и образување, засновање или права од работен однос, социјална помош, детски додаток.

Просечниот број на издадени уверенија на шалтер на годишно ниво е околу 31.000. Новата услуга ќе ослободи за други работни задачи скоро 30 вработени во УЈП.

Александра Велинова