Свет

Проактивно делување, а не покорност, им порача Макрон на европските лидери

28.02.2025 19:28

За време на дводневната државна посета на Португалија, францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да покажат дека се пообединети и посилни од кога било, објавија АФП и локалните медиуми...

За време на дводневната државна посета на Португалија, францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да покажат дека се пообединети и посилни од кога било, објавија АФП и локалните медиуми.

Макрон предупреди дека кога станува збор за Америка, „покорувањето не е решение“, додавајќи дека „не е за среќно вазалство“.

Тој исто така нагласи дека одговорот на овие предизвици не е „покорност“, туку проактивно делување. Ги повика Европејците „повторно да откријат чувство на ризик, амбиција и моќ“ соочени со непредвидливоста на Доналд Трамп, без разлика дали станува збор за Украина или за царините.