МВР

МВР: Пронајдени 200 кесички марихуана кај малолетник од Скопје

28.02.2025 18:40

Вчера околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје...

Вчера околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, соопшти МВР.

При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана. Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл. 215 од КЗ и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.